Диџеј Авичи ќе добие музеј во Стокхолм, четири години по неговата смрт

Стохлом се подготвува да го отвори интерактивниот музеј Avicii Experience, посветен на електронската суперѕвезда Авичи, чие вистинско име е Тим Берглинг. Тој ќе се отвори на 26. февруари, речиси после четири години од смртта на познатиот диџеј, објавија странските медиуми. Изложбата ќе содржи фотографии, видеа, сувенири и досега необјавена музика и ќе се обиде да ја раскаже приказната за тоа како Авичи стана ѕвезда на оваа сцена.

Кураторите велат дека Avicii Experience ќе го следи животот на Берглинг „од повлечена музичка бубалица до прославена суперѕвезда, од неговата детска соба, каде што сè започна, до студиото во Лос Анџелес, каде што се направени најголемите хитови“.

За потсетување, Авичи се самоуби во Оман во април 2018 година на 28-годишна возраст. Тој престана да настапува во живо во 2016 година, но продолжи да снима музика и да работи како продуцент. Тој ќе остане запаметен по хитовите Levels, Sunshine и Wake Me Up.

Лани, градските олитичари објавија дека работат на музеј посветен на Авичи. Тие ќе отворат и споменик во луксузниот кварт Остермалм, каде диџејот е роден, израснат и посетувал училиште.

Покрај музејот на Авичи, Стохлом има и музеј посветен на познатата музичка група АББА.

Scroll to Top