Повеќе од 50.000 луѓе во Африка потпишале петиција во која ја обвинуваат компанијата „Дизни“ за колонијализам и неетичко присвојување на фразата „Хакуна матата“ во популарниот анимиран цртан филм „Кралот лав“.
Петицијата е поднесена со објаснување дека „Дизни“ наводно ја украл фразата „Хакуна матата“, а потоа ја заштитил со патент, пишува британскиот весник Gardian.
Значењето на фразата е „без грижи“ и се говори на јазик ширум источна Африка. Мајчиниот јазик е во Кенија, Танзанија, Уганда и Конго.
Петицијата во која е наведено дека компанијата „Дизни“ не требало овој израз да го користи за комерцијални цели, следела откако компанијата најавила римејк на анимираниот филм „Кралот лав“ наредното лето. Во продолжението на анимираниот филм се слушаат гласовите на Бијонсе, Дени Гловер и други.
Изразот претходно го популаризирал кенискиот бенд „Them Mushrooms“, кој ја користел истата оваа фраза во својата песна „Џамбо Б’вана“. Дизни потоа ја искористил оваа фраза во првата верзија на приказната за „Кралот лав“ во 1994 година, а песната „Хакуна Матата“ ја напишале Елтон Џон и Тим Рајс.
Девет години подоцна, Дизни го заштитил и патентирал како знаштитен знак ѝ истиот станал дел од брендот. Шелтон Мпала кој ја покренал петицијата, ја обвинил компанијата за присвојување на овој бренд.
„Дизни не може да направи заштитен знак на нешто што не го измислил самиот“, напишал Мпала.
Професорот Кимани Нјогу се наоѓа на чело на работната група која се занимава со прашањата на креативна економија ѝ смета дека користењето на тој израз во комерцијални цели не е етично.
„Големите компании на север ги користат културните добра на Африка за да заработат. Многу добро знаат дека тој израз е човечи имот, дел од културата на цел еден континент“, изјавил Нјогу.
Оваа фраза е популарна во цела источна Африка, а трговците често ја користат во моментите кога остваруваат контакт со туристите.
Нјогу истакнува дека не е фер Кенијците да не можат да „продадаваат вакви добра“ во САД.
„Сметам дека петицијата не е само предизвик за „Дизни“, туку ѝ за целиот правен систем на север“, вели Нјогу.
Компанијата „Дизни“ досега се нашла во ваква слична ситуација, кога се обидела да си го присвои мексиканскиот „Фестивал на мртвите“. Ваквиот обид предизвикал огромно незадоволство кај корисниците на интернет, по што компанијата била принудена да го промени името на филмот ѝ да се откаже од патентирање на терминот.