Додека го чека 12 дете, Ник Канон заврши во болница

Американскиот водител Ник Канон заврши во болница заради воспаление на белите дробови. Тој објави фотографија од болничката соба и напиша дека му е потребен малку одмор.

„Лудо е тоа што синоќа го распродадовме концертот во „Медисон Сквер Гарден“. Дојдоа илјадници обожаватели, а сега сум сам во мала болничка соба. Животот дефинитивно е тобоган. Си ветив дека никогаш нема да се вратам на ова место. Ова ми е одлична лекција да се грижам за себе и другите. Не ми требаат никакви добри желби и молитвни, само малку одмор и ќе се вратам посилен од кога било“, рече Канон.

За потсетување, во јануари 2022 година, Ник одбележа десет години откако му беше дијагностициран лупус, автоимуна болест која предизвикува воспаление на белите дробови, срцето, мозокот, крвните клетки, бубрезите, кожата и зглобовите на луѓето.

Мајката на едно од неговите деца, Аби Де Ла Роса порача сите да се помолат за да биде подобар. Канон беше хоспитализиран само неколку недели откако Аби потврди дека е татко на нивното трето и неговото 12 дете. Со него ги има близнаците Зилион и Зион стари 17 месеци.

За потсетување, водителот го основа семејството со познатата пејачка Мараја Кери. Се венчаа во 2008 година и ги доби близнаците Монро и Морокан во 2011 година. Се разделија во 2016 година, но останаа во добри односи поради децата.

Една година по разводот, Ник доби уште едно дете со Британи Бел, Голден Сагон. Има уште две деца со Бел, ќерката Моќната кралица, родена во 2020 година и синот Рајс Месија, кој се роди пред еден месец. Во 2021 година, Кенон и Аби Де Ла Роса ги добија близнаците, Зион Миксолидијана и Зилион Хер.

На почетокот на годинава, објавија дека го чекаат своето трето дете. Истата година го доби синот Зен со Алиса Скот. Меѓутоа, Зен трагично почина на 5-месечна возраст поради последиците од тумор на мозокот. Алиса Скот моментално е повторно бремена, а таткото е Ник.

Актерот (41) повторно ги шокираше обожавателите кога во септември 2022 година на „Инстаграм“ објави дека има дете со 40-годишната манекенка Ланиша Кол.

Scroll to Top