Психолошкиот трилер за изборот на нов папа, „Conclave“, триумфираше на 31-то доделување на САГ наградите во неделата, освојувајќи ја главната награда. По освојувањето на наградата БАФТА, многумина веруваат дека тој има добри шанси да добие Оскар.
Во телевизиските категории, епската серија „Shōgun“, сместена во феудална Јапонија, и комедијата „Only Murders in the Building“ освоија награди за најдобра драма и најдобра хумористична серија.
„Shōgun“ доминираше во ТВ категориите со вкупно четири награди, вклучително и награди за водечки актери. Хиројуки Санада и Ана Саваи ги добија наградите за најдобар актер и актерка во драмска серија.
Интересно е што ниту еден филм не освоил повеќе од една награда. Победата на „Conclave“ доаѓа во време на непредвидлива сезона на награди, во која контроверзите ги исфрлија од игра поранешните фаворити како „Emilie Pérez“. Филмот „Anora“, кој ја загуби главната награда од „Conclave“, сепак освои награди за режија и продукција, позиционирајќи се меѓу главните фаворити за Оскарите.
Но, имајќи предвид дека „Conclave“ сега ги освои и наградите САГ и БАФТА, се зголемуваат шансите овој филм за изборот на папата да триумфира на Оскарите.
Тимоти Шаламе (A Complete Unknown) и Деми Мур (The Substance) ги добија наградите за најдобар актер и актерка.
Наградата за најдобра споредна машка улога ја доби Киеран Калкин (A Real Pain), додека Зои Салдања (Emilia Pérez) ја доби наградата за најдобра споредна женска улога.