Документарецот на „Нетфликс“ за кралското семејство The Crown, целосно и го уништи и така кревкиот углед и кредибилитет на кој сопругата на принцот Чарлс, Камила работела со години.
Документарецот кој беше објавен и кој од неодамна се емитуваше последната четврта сезона, говори за најпознатото кралско семејство. Од палатата на почетокот негираа било каква поврзаност на истиот со она што навистина реално се случува во кралското семејство.
Но и покрај таквите убедувања, јавноста и понатаму верува дека голем дел од сцените кои ги виделе во документарецот, навистина се случиле.
Поради тоа публиката уште повеќе ја замразила Камила, која уште на почетокот откако влезе во кралското семејство, не беше многу популарна. Таа никогаш не ги доби симпатиите на јавноста, особено по смртта на принцезата Дајана, нешто за кои многумина ја обвинуваат дека е одговорна.
Како што пренесуваат британските медиуми, кралицата Елизабета со години работела да го поправи нејзиниот имиџ во јавноста. И кога на крајот успеала малку од малку да ги подобри работите за Камила, сега целата работа е уништена со новиот документарен филм на „Нетфликс“.
Британските медиуми пренесуваат дека сега Камила уште повеќе го има завцрстено своето име на црната листа во јавноста. Откако била прикажана новата сезона на Тhe Crown, Камила добила голем број пораки со навредувачки содржини.
Многумина и напишале дека тиа никогаш нема да биде нивна кралица. Како што објаснила авторката Сали Бедел Смит за британски „Маил“, ваквата ситуација станува премногу сериозна за кралското семејство и дека никој не очекувал дека на Камила преку ноќ ќе и биде уништен имиџот и почитта, нешто на кое кралицата Елизабета работела со години да ѝ го подобри.