Италијанската дизајнерска модна куќа „Долче Габана“, во соработка со италијанскиот произведувач на тестенини „Пастифицио ди Мартино“, креираше серија сушени тестенини во лимитиранo издание. Тестенините се продаваат во дизајнирани амбалажи.
Произведени се само 5.000 парчиња, а направени се во четири форми. Освен тестенините, дизајнерите на „Долче Габана“ креирале и престилка со натпис „Ла Фамиглиа, Ла Паста, е Л’италиа!“