Долф Лундгрен се оперираше за да може да држи чекор со 39 години помладата сврешница

Глумецот Долф Лундгрен го оперираше зглобот кој го мачи уште од поодамна. Рече дека се одлучил на операција за да може да држи чекор со 39 години помладата свршеница Ема Крокдал и да го следи нејзиното темпо. Ѕвездата од „Роки 4“, неодамна рече дека е среќен што ја има Ема покрај себе.

dobivaj vesti na viber

Додаде и дека со неа ја добил и помошта и поддршката која долго време ја барал. Оваа негова изјава предизвика голем број коментари од фановите. Дури и неговите пријатели се свртеа против него.

„Факт е дека Долф е фраер, но ова звучи како да му треба некој да му ги менува пелените кога ќе остари. Ти бараш љубов или помошничка. Не е ни чудно што девојката не се смее, кога мора да се грижи за дедо. Не разбирам зошто младите девојки си го прават ова на себе си. Ова ми звучи како оглас за слуга“, му напишаа тие.

И покрај острите коментари, Долф и Ема и понатаму објавуваат фотографии главно за тоа како глумецот се опоравува од повредата.

 

Scroll to Top