Глумицата Тори Спелинг, најпозната како Дона од серијата „Беверли Холс“, се разведува од сопругот, актерот Дин Мекдермонт, по 15 години брак. Во јавноста веќе подолго време се пишува дека парот повторно е пред развод. Тори долго не објавила слика со сопругот на социјалните мрежи, а сега е сликана и без бурма на раката.
Тори и Дин се запознаа на филмски сет во период кога двајцата беа во брак со други луѓе. Врската ја почнале првата вечер кога се запознале, а набрзо од своите тогашни партнери побарале развод. Парот заедно има пет деца, синовите Лијам (14), Фин (8) и Боа (4) и ќерките Стела (12) и Хати (9).
Својот брачен живот го прикажаа и во реалното шоу „Тори и Дин: Заљубени“, кое се прикажуваше од април 2007 до 2012 година.
Парот и претходно беше пред развод поради неговото неверство во 2013 година, кое го призна во документарна серија.