Британската кралица Елизабета Втора, на шега се пожали дека хеликоптерот на американскиот претседател Доналд Трамп и го уништил тревникот пред Бакингемската палата, за време на неговата последна посета на Велика Британија.
„Само погледнете го мојот тревник. Уништен е“, му се пожалила кралицата на премиерот на Австралија Скот Морисон, а пренесуваат блиски извори до кралското семејство.
Трамп на почетокот на јуни беше во официјална посета на Велика Британија. Хеликоптерите на американскиот претседател слетаа во близина на палатата два пати дневно, оставајќи длабоки траги на тревникот.
Тревникот е важен елемент на англиската градина и оваа земја има долгогодишна традиција на одржување на тревникот. Кралицата посебно е чувствителна на тоа.
Посетата на Трамп во Лондон донесе многу контроверзи. Дестина илјади граѓани на Велика Британија излегле на уличните протести против него.