Актерот Чарли Шин во едно од своите неодамнешни телевизиски интервјуа се потсети на една од неговите средби со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој вели дека додека вечерал во ресторан со неговата поранешна сопруга Брук, Трамп им се приклучил велејќи му дека сака да му подари свадбен подарок од него и Меланија.
„Ми пријде и ми рече дека му е жал што не дошол на мојата венчавка. Јас му одговорив дека не сум го ни поканил и не треба да биде изненаден. Потоа ми кажа дека со Меланија сака да ми подари свадбен подарок. Додека Меланија седеше на масата тој стана и ја извади својата манжетна „Хари Винстон“. Ми кажа дека била изработена од платина и дијаманти“, изјавил Шин.
Актерот шест месеци подоцна го дал подарокот на проценка.
„Жената ја зема манжетната и ја гледаше околу 4 секунди. Ми кажа дека во најдобар случај станува збор за некоја евтина верзија на метал. Дополнително лошо за мене ми кажа дека името на Трамп било изгравирано на неа“, открил Шин.
„Тоа навистина многу говори за човек кој за свадбен подарок ти дава еврино сра*е“, изјавил Шин кој не крие дека не бил некој голем фан на американскиот претседател Доналд Трамп.