Доналд Трамп помладиот, син на поранешниот американски претседател, продава маици на својата веб-страница за 27,99 долари, кои можат да се купат во неколку различни бои. Маиците се класични со кратки ракави и бел натпис на кој пишува „Оружјето не убива луѓе, Алек Болдвин убива луѓе“.
Трамп помладиот е инспириран од неодамшената трагедија за време на снимањето на филмот „Рѓа“, каде холувидскиот актер случајно ја уби снимателката Халина Хачкинс и режисерот Џоел Суза.
Don Jr is selling these shirts for $27.99 on his website. Pathetic. pic.twitter.com/K8fFCzsRj7
— PatriotTakes 🇺🇸 (@patriottakes) October 24, 2021
Иако корисницте го осудија за неговата постапка, сепак тој не ја коментираше дополнително продажбата на маиците и не ја тргна од својата страница.
Трамп помладиот претходно објави саркастични фотографии на социјалните мрежи, јавно обвинувајќи го Болдвин за несреќата.
Поранешниот претседател Трамп и Болдвин веќе подолго време се скарани, што дури актерот го отелотвори контроверзниот политичар во емисијата „Saturday Night Live“.
За потсетување, во истрагата е утврдено дека во пиштолот наместо лажни имало вистински курушуми, а како еден од виновниците за тоа се посочува помошникот режисер Дејв Халс.