Американскиот претседател Доналд Трамп проговори за односот со неговата сопруга Меланија и каков е бракот кој го има со неа.
„Таа е прекрасна прва дама. Ако вие мислите дека тоа е лесно, да некој биде прва дама и да е омажена за мене, тоа не е лесно“, изјавил Доналд Трамп, говорејќи пред своите обожаватели и приврзаници во Западна Вирџинија.
Во својот говор, Трамп повеќе пати покажал самокритичност, нешто што претставува реткост за него. На пример, тој им раскажал на приврзаниците како за време на посетата на Виетнам, од локален раководител слушнал дека во Западна Вирџинија се произведува најдобриот јаглен и признал дека во тој момент слабо разбрал за што се работи.
„Човек како мене од Петтата авенија, што можам јас да знам за тоа?“; прашал Трамп.
Навистина тој ги убедил своите бирачи дека ќе се бори за интересите на рударската индустрија.
Медиумите го обвинуваат дека Доналд Трамп ја изневерил сопругата и дека со неа не е во добри односи. Белата куќа ги негираше ваквите обвинувања.