Дрејк и Ники Минаж лути на Греми-комисијата: Номинирате уметници што не заслужуваат награди

По објавата на музичарот The Weekend, кој на социјалните мрежи напиша „Греми-наградите се корумпирани“, пристигнаа осуди и од раперот Дрејк и и од раперката Ники Минаж.

Имено, и покрај феноменалната продажба на албумот, The Weeknd не доби никакви номинации за Греми-наградите 2021 година. Само еден ден по објавувањето на номинациите, музичарот објави две соопштенија тврдејќи дека комисијата го украла. Тој наведува дека „Греми“ се корумпирани и бара транспарентност при давањето номинации.

Сличен став имаат и Дрејк и Ники Минаж. На „приказните“ на „Инстаграм“, Дрејк напиша дека „Греми“ ја губи својата важност.

„Мислам дека треба да престанеме да се шокираме секоја година кога не се номинираат уметници што заслужуваат награди. Пред неколку дена реков дека Викенд заслужува или награда за албум или песна на годината. Сепак, комисиите на доделувањето на наградите никогаш нема да се вразумат“, напиша тој, меѓу другото, на „Инстаграм“. Објавата на The Weeknd на „Инстаграм“, пак, им се допадна на поп-sвездите Кети Пери и Мајли Сајрус.

Scroll to Top