Холивудската актерка Дру Баримор открива проверен рецепт за совршен изглед.
„Како некој што многу сака масна и тешка храна, ми беше тешко да се навикнам на новиот режим на исхрана, но денес со 20 килограми помалку, се чувствувам подобро од кога било претходно. Дефинитивно вредеше.“
View this post on Instagram
Дру заслугата за витата линија му ја припишува на личниот тренер Марни Алтон.
„Ми помогна. Ме излечи. Ме охрабри да продолжам понатаму кога почувствував дека губам сила и волја. Кога променив само една навика и наместо да лежам и да гледам филмови, тоа време го користев за вежбање, килограмите почнаа да исчезнуваат“, искрено открила актерката.
Актерката ја редуцирала исхраната, но уверена е дека најголема трансформација доживеала благодарение на редовните тренинзи кои се состојат од три сегменти: кардиовежби, вежби за снага и истегнување. Овие три чекори се неопходни во текот на секој тренинг за да се согорат масните наслаги, да се обликуваат вретенести мускули и да се спречат воспаленија.