Дуа Липа доби албанско државјанство

Пејачката Дуа Липа (26) пристигна во Тирана на концерт кој ќе се одржи во понеделник, на денот на независноста на Албанија, а сега доби и албанско државјанство.

dobivaj vesti na viber

Таа беше примена од претседателот на Републиката Бајрам Бегај, кој и врачи документ. Пејачката ги покажа фотографииte и на социјалната мрежа Инстаграм.

„Добив албанско државјанство! Ви благодарам, се чувствувам многу горда“, напиша таа.

Во август, пејачката стана почесен амбасадор на Косово. Титулата и ја додели претседателката Вјоса Османи (40), која истакна дека Дуа го заслужила бидејќи на своите настапи и оддава почит на родната земја.

Познатата пејачка е родена во Косово, но од 2008 година живее во Лондон.

Scroll to Top