Дуа Липа ќе пее на финалето од Лигата на шампионите

Популарната британска пејачка Дуа Липа ќе настапи на 26 мај на стадионот во Киев пред почетокот на финалниот натпревар од Лига на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

– Почестена сум што ме повикаа, тоа е можност што се добива еднаш во животот. Среќна сум што ќе бидам дел од тој спектакл, планирам да направам неверојатно шоу, изјави 22-годишната пејачка.

Дуа Липа е родена во Лондон и има албанско потекло, а нејзиното семејство во 90-тите години се преселило од Косово.

Изминативе години меѓу познатите музички имиња кои настапија на финалето на Лигата на шампионите се групата „Блек ај пис“ и пејачката Алиша Кис.

Scroll to Top