Дуетот на Ед Ширан и Џастин Бибер на врвот на топ листите

Ед Ширан и Џастин Бибер се број еден со нивниот сингл “I Don’t Care”. Возбудливата поп-песна собра 123.825 комбинирани продажби кога беше преземена 22.000 пати и проследена 13 милиони пати, соопшти “Official Charts”, британска професионална организација што составува официјални топ-листи на синглови, албуми, музички спотови, преземања од интернет во Велика Британија.

Сепак, дуото не успеа да го собори рекордот на Аријана Гранде за најпродаван сингл на годината. Нејзината песна “7 Rings” забележа 126.240 комбинирани продажби кога беше објавена во јануари.

Ширан и Бибер може да забележат зголемување на продажбата по објавувањето на ново видео во кое Ширан танцува во фустан и пее со фен за коса во раката, а Бибер е облечен како корнет за сладолед.

Ова е нивни прв дует, а Ширан претходно му го напиша хитот број еден на Бибер, “Love Yourself”.

0

Scroll to Top