Две години затвор за Пирс Броснан

By

Актерот Пирс Броснан може да оди две години во затвор оти се појавил во индиска реклама за освежувач на здив. Проблемот, велат властите, не е во производот, туку во фактот што освежувачот содржи состојки што предизвикуваат зависност.

Индискиот бренд во кампањата користел фотографии од Броснан. Но, во Индија од 2003 година постои забрана за рекламирање тутунски производи во кој било облик. Спорниот освежувач, освен плодови и семки, содржи и состојки што наводно можат да предизвикаат рак.

„Веднаш го известивме господинот Броснан за проблемот, бараме да ни објасни зошто учествувал во таква кампања. Ако не ни одговори во рок од десет дена, му се заканува парична казна од 5.000 рупии (78 долари) или затвор до две години“, изјавиле надлежните.

Броснан изјавил дека е шокиран што неговиот лик е користен за промовирање потенцијално опасен производ. Наводно, тој верувал дека се работи за здрав производ.

Ќе ви се допадне