Двејн Џонсон донирaше милиони за да им помогне на актерите што штрајкуваат во Холивуд

Двејн Џонсон, даде историски финансиски придонес на фондацијата „Саг-Афтра“, која им помага на членовите на синдикатот за време на штрајкот. Глумецот донираше седумцифрена сума како помош на холивудските актери, кои моментно се во штрајк.

Донацијата дојде како одговор на писмото испратено од претседателката на фондацијата Кортни Б. Венс до 2.700 најплатени актери во филмската индустрија, пишува „Пипл“. Точната сума што ја донира е доверлива, но Венс рече дека е трогнат од великодушноста на Џонсон.

„Сакам да му се заблагодарам на Двејн за неговата огромна великодушност, сочувство и иницијатива да даде ваков значаен придонес на нашата заедница. Му благодариме во име на илјадниците на кои што неговата историска донација ќе помогне“, рече Венс.

Грантот ќе испорача до 1.500 долари од член, но под одредени услови, како што се здравствени проблеми или сериозно загрозен актер. Доживотен член може да добие финансиска помош од 6.000 долари.

„Тоа е најголемата поединечна донација што некогаш сме ја добиле од едно лице одеднаш. И она што е неверојатно е тоа што таа една донација ќе им помогне на илјадници актери да ја задржат храната на нивната маса“, рече извршниот директор на фондацијата Саг-Афтра, Сид Вилсон.

За потсетување, фондацијата Саг-Афтра, основана во 1985 година од страна на Screen Actors Guild. Станува збор за непрофитна организација која обезбедува различни програми за помош на членовите на синдикатот.

Вилсон рече дека многу членови на Саг-Афтра се соочуваат со финансиска пропаст за време на штрајкот и дека дури и пред да започне, фондацијата добивала пет до 10 пати повеќе барања за финансиска помош неделно отколку порано и мислат дека тоа ќе продолжи да се зголемува.

 

 

Scroll to Top