Актерот Двејн Џонсон од страна на своите обожаватели бил прогласен за најдобар сопруг и татко. Ваквата титула Џонсон ја доби по последната објавена фотографија на која тој ја храни својата сопруга додека таа го дои нивното второ дете.
Филмскиот актер неодамна стана татко вторпат. Тој на социјалните мрежи сподели фотографија на која ја храни својата девојка Лорен додека таа ја дои неодамна родената ќеркичка Тиа.
„Јас ќе ги средам работите. Мама има преполни раце работа да ја храни Тиа. Јас ќе ја нахранам неа. Ќе ми биде задоволство. Имам толку голема почит кон неа и сите други мајки што успеваат работите да ги држат под контрола“, напишал Двејн.
Обожавателките не штеделе пофални зборови, а петте милиони лајка се знак за поддршката што актерот ја добил за ваквиот потег.