Ед Ширан доби на суд, песната Shape of You не е плагијат

Британскиот пејач Ед Ширан го доби спорот на суд против музичарот Сами Чокри, познат и како Сами Свиќ и неговиот музички продуцент  Рос О’Доногју. Tие тврдеа дека некои од стиховите во Shape of You, Ширан ги украл од нивната песна Oh Why која ја снимиле во 2015 година.

Тие го тужеа за авторски права, додека Ширан и неговиот адвокат тврдеа дека никогаш претходно немале слушнато за нивната песна. На крајот Врховниот суд пресуди во корист на Ширан и утврди дека песната не е плагијат.

Судијата Ентони Закорли рече дека Ширан несвесно ја копирал песната и дека постои голема веројатност музичарот да ја нема слушнато пред да ја напише Shape of You, пренесе BBC.

За потсетување, Shape of You беше најпродавана песна во Велика Британија, а на платформата Spotify има најмногу стримови од сите останати песни. Ширан и неговиот продуцент Стивен Мекатчеон , од песната заработија годишно пет милиони фунти, а 10% од заработката им беа замрзнати поради судскиот спор.

Scroll to Top