Ед Ширан со хитот „Shape of you“ најслушан во историјата на Spotify

Нумерата „Shape of you“ од британскиот изведувач Ед Ширан стана најслушана песна на стриминг сервисот Spotify. Британецот ја тргна од првата позиција песната „One Dance“ од канадскиот рапер Дрејк, која се наоѓаше на врвот на оваа листа речиси една година.

Песната досега била преслушана 1,38 милијарди пати на најслушаната онлајн платформа.

„Shape of you“ беше објавена во јануари како дел од албумот Divide, кој беше примен со големи позитивни критики кај публиката и забележа огромен успех.

Scroll to Top