Ед Ширан победи на суд, најголемиот хит му донесе отштета од милион евра

By

Познатиот британски пејач Ед Ширан доби над еден милион евра отштета по добивањето на судскиот спор за авторски права за хитот Shape of You.

dobivaj vesti na viber

Британскиот музичар Сами Чокри ги тужеше Ширан и неговите соработници – Џон Мекдејд од групата Snow Patrol и продуцентот Стивен Мекохон.

Случајот е поведен поради прекршување на авторските права наведувајќи дека Ширан украл дел од неговата песна Oh Why, објавена во 2015 година.

Ширан од почетокот негираш дека ја чул песната претходно, што беше заклучено на суд во април годинава. Иако по пресудата адвокатите на Чокри тврдеа дека Ширан и неговиот тим сами треба да си ги платат правните трошоци, во вчерашната пресуда судијата Ентони Закароли одлучи дека тоа сепак ќе го направат тужителите наредувајќи привремена исплата на отштета од над еден милион евра.

Се очекува натамошна дискусија, на која ќе се проценат и финализираат сумите, јавуваат странските медиуми. Адвокатот на Ширан претходно изјави дека целиот случај нанел длабока траума кај пејачот и неговите соработници. И покрај тоа што речиси 10 отсто од плаќањата беа замрзнати поради судењето, песната Shape of You на Ширан и неговите партнери им донесе околу 5 милиони фунти годишно, што е приближно 6 милиони евра.


Ќе ви се допадне

go88 apk download go88 nạp tiền bị từ chối go88 game

sunwin hỗ trợ sunwin club apk sunwin hotline