Ед Ширан си тетовираше шише кечап, а сега ќе произведува свој бренд

Британскиот музичар Ед Ширан прво си тетовираше шише кечап на раката, а сега истиот производ ќе го продава. Пејачот рече дека обожавал ќечап и мајонез и дека сега ќе отвори сопствен бренд Tingly Ted’s, кој наводно ќе се појави на пазарот следната година.

„Освен што е голем обожавател на кечап, нема нешто што не знае за сосовите. Го создаде Tingly Ted’s за неговите обожаватели добијат најдобра варијанта од неговите фаворити. За Ед ова е забавен процес и мисли дека на обожавателите ќе им се допадне. Ед има и ресторан во Лондон, во кој наскоро ќе се најдат и Berti Blossoms и Tingly Ted’s“, рече еден од неговите блиски пријатели.

Како голем обожавал на кечап, Ед на раката си го тетовираше познатиот производ на кечап Heinz, кој во 2019 година беше и негово заштитно лице. Тогаш и сними реклама за нив. Во рекламата пејачот е на вечера во луксузен ресторан, каде оброкот дополнително го зачинува со ќечап што го носи со себе.

Тогаш е произведена и лимитираното шише кечап, со илустрација на неговата тетоважа, а средствата се дадени на хуманитарна акција во Лондон во акциската куќа Christie’s. За потсетување, на почетокот на октомври сојузниот суд на Менхетен отвори правна постапка во која Ед е обвинет за прекршување на авторските права за хитот Thinking Out Loud од 2014 година, случај вреден 100 милиони долари.

„Нема јасно правило дали станува збор за комбинација на два елементи кои не можат да се заштитат како оригинални. Делото може да биде заштитено со авторски права иако всушност е компилација од незаштитени елементи“, рече судијата. Датумот на судењето засега не е одредено.

Ова не е првпат Ширан да биде обвинет за копирање. Во јуни, месеци откако ја доби тужбата за плагијат за песната Shape of You, пејачот беше награден со милион долари за правни трошоци.

 

Scroll to Top