Ед Вествик ги отфрла обвинувањата за силување

Актерот Ед Весвик е последниот во низата луѓе во Холивуд обвинети за сексуална злоупотреба. Само неколку часа откако актерката Кристина Коен го обвини дека ја силувал пред три години, тој на својот фејсбук-профил објави демант.

„Не ја познавам оваа жена. Никогаш не сум се натурал никому на каков било начин, секако не на која било жена. И секако не сум силувал никого“, напиша Вествик.

Scroll to Top