Еди Марфи е годинешниот добитник на почесниот „Златен глобус“

На 80.Златни глобуси, актерот Еди Марфи ќе ја прими наградата за животно дело „Сесил Б.ДеМил“, објави Холивудското здружение на странски новинари.

Тој досега имаше шест номинации за „Златен глобус“ и еден освоен во 2016 година за споредна улога во филмот „Дримгрлс“.

Во изминатите пет години, почесен Златен глобус добија Џејн Фонда, Том Хенкс, Џеф Бриџис, Опра Винфри и Мерил Стрип.

Scroll to Top