Eди Марфи на Божиќ со сите десет деца

Актерот Еди Марфи, кој неодамна стана татко на своето десетто дете, заедно со неговата свршеница  Пејџ Бучер и синовите и ќерките позираше за божикниот портрет.

Комичарот беше во средината, а на фотографијата се наоѓаат неговите наследници и наследнички. Ерик (29), Ејнџел Ајрис (11), Брија (26), Мајлс Мичел (26), Бела Захра (16), Кристијан (28), Шејн Одра (24) и Зола Ајви (19).

На сликата биле и малиот Макс Чарлс, кој е  во прегратка на неговата мајка Пејџ. Еди Марфи претходно 13 години беше во брак со манекенката Никол Мичел. Бил и во врска со пејачката Мел Б и телевизиската продуцентка Трејси Едмондс.

Фотографијата ја објавила ќерката на Еди, Марфи Брија.

 

Scroll to Top