Џон Корбет, кој го глумеше Ејдан во серијата „Сексот и градот“, заради оваа улога и понатаму го привлекува вниманието на медиумите. Во серијата Кери го остави за Ѕверката, ама во вистинскиот живот покрај себе има вистинска Бонд-девојка. Џон е во врска со Бо Дерек, секс икона на осумдесеттите.
Актерите се запознале преку заеднички пријател, а бидејќи не биле во врска, Џон ја убедил да го придружува на забава пред Оскарите. Во врска се 16 години. Не размислуваат за брак. Сметаат дека токму тоа шшто не се венчале им ја одржува врската.