Екстелохранител на Макрон тврди дека имал љубовна врска со францускиот претседател

Француските медиуми пишуваат дека претседателот Макрон бил во љубовна врска со неговиот поранешен телохранител Александар Бенала. Самиот Бенала им ја понудил својата приказна на медиумите, откако минатата недела беше отпуштен од работа. Тој тврди дека биле толку блиски што Макрон во една пригода му ги кажал и кодовите на нуклеарните бомби на Франција.

Макрон ги отфрла обвинувањата.

„Александар не е мој љубовник, ниту некогаш бил“ изјавил Макрон и додал дека кодовите се државна тајна, а ги знае само тој и уште еден човек во земјата.

Француските медиуми пишуваат и дека освен што го чувал Макрон, Бенала често со него одел на скијање и возење велосипед.

Scroll to Top