Елен Баркин била сексуално вознемирувана

 

Елен Баркин го обвини режисерот Тери Гилијам дека сексуално ја вознемирувал во лифт, по неговите контроверзни зборови за движењето „Јас исто“, пренесе „Франс прес“, цитирано од светските агенции.

„Мојот совет до жените е: Не влегувајте во лифт заедно со Тери Гилијам“, напиша на „Твитер“ 63-годишната актерка, која сними негов филм во 1998 година.

Според Тери Гилијам, за Харви Вајнштајн се зборува зашто има многу непријатели, а не поради сексуално малтретирање или сексуално насилство на повеќе од 100 жени.

77-годишниот режисер неодамна рече дека дебатите за # Јас исто станале премногу едноставни откако го прикажувале само светот на жртвите.

„Некои луѓе го искористија тоа“, рече тој.

„Познавам девојки што го посетија станот на Харви Вајнштајн и сосема не беа жртви. Изгледа како глутницата да ги презела работите во свои раце“, додаде Гилијам.

Scroll to Top