Елен Деџенерис психички ја малтретира сопругата

Елен Деџенерис психички ја малтретира својата сопруга, 47-годишната глумица Портија де Роси, како резултат на нејзината фрустрација и бес, пишува магазинот New Idea.

Обвинувањата во јавноста на сметка на Елен дека ги малтретирала вработените во своето шоу лошо влијаеле на неа и таа целиот свој бес сега го истура на Роси, пишуваат медиумите.

За потсетување, пред неколку месеци Елен беше на удар од страна на вработените и голем дел од јавноста поради неподносливоста на работното место. Таа беше обвинета за вршење мобинг врз своите вработени. Шоуто ѝ беше бојкотирано од страна на јавноста.

Гледаноста од епизода на епизода стануваше сè помала, а Елен се плашела и дека може да ѝ биде укинато, пишуваат медиумите. Иако во јавноста го задржа имиџот на мирна и сталожена личност, зад затворени врати таа ги покажува своите вистински емоции.

„Елен е испаничена. Навикната е нејзиното шоу да биде едно од најгледаните, така што ова за неа е сосема друг свет. Анксиозна е и е при крајот со нервите. Кутрата Портија, мора да го носи целиот тој товар на свој грб“, открива извор близок до Елен.

 

 

Scroll to Top