Елизабета од тага и почит божикните украси ги остава до февруари

Иако божикните украси се симнуваат на 6 јануари, британската кралица ги држи украсите уште еден месец за да му оддаде почит на својот покоен татко, Џорџ VI.

Кралицата традиционално го поминува Божик со своето семејство на имотот во Сандринге и не го напушта до 6 февруари кога е годишнината од смртта на татко ѝ. Па, така, божикните украси се отстрануваат само кога таа и принцот Филип ќе го напуштат имотот.

Татко ѝ умрел во сон кога имал 56 години, а Елизабета стана кралица на 25-годишна возраст. Ова се смета за еден од најтажните и најемотивни потези на кралицата.

Scroll to Top