Елка видела секс меѓу Трамп и плејбој-зајчицата Барбара Мур

Германскиот модел Елка Јенсен (51) летото 1993 година во кулата на Трамп гледала како сегашниот американски претседател има секс со нејзината другарка, плејбој-зајчицата Барбара Мур.

Двете русокоси тоа лето биле во Њујорк кога Доналд Трамп ги повикал во својот луксузен апартман во кулата. Откако испиле неколку чаши шампањ, тој ги повикал во својата спална соба.

„Зборувавме, се смеевме, пиевме, седевме на неговиот кревет и тој почна да ја допира и соблекува Барбара. Имаа секс, а јас сето тоа го гледав“, изјавила Елка.

Елка за време на нивниот секс била облечена само во секси долна облека, но Доналд и Барбара не ја повикале да им се приклучи.

„На почетокот си помислив дека нешто би можело да се случи, но изгледаше како да не знаат дека сум во собата. Јас не постоев за нив. Тој беше загреан за Барбара. Не бев вклучена во сексот, но бев во разговорот“, вели Јенсен.

Германскиот модел не била љубоморна затоа што Барбара ѝ била најдобра пријателка.

„Знаев дека имаше нешто и пред тоа. Кога се повлекоа под чаршафот, излегов од собата и заминав да спијам“, изјавила Елка Јенсен за „Дејли мејл“.

Двете згодни русокоси немале можност да се поздрават утрото со Трамп затоа што тој си заминал пред тие да се разбудат.

„Но, Барбара беше среќна, имаше огромна насмевка на лицето. Таа рече дека ноќта била прекрасна и дека е пресреќна. Вечерта мина фантастично, а јас бев пресреќна поради тоа“, се присетува Јенсен.

По возбудливото сексуално искуство, и Елка и Барбара се согласиле дека Доналд Трамп таа вечер бил вистински џентлмен.

Пред Елка да ја раскаже приказната за „Дејли мејл“ претходно за истиот медиум дала изјава во која рекла дека имала афера со Трамп која траела четири месеци, и тоа во време додека неговата тогашна свршеница Марла Мејпс била бремена.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top