Елтон Џон носи пелени на концертите

Популарниот британски музичар Елтон Џон признал дека носи пелени на своите концерти, пишуваат „Дејли Мејл“. Пејачот се потсетил на еден настап во 2017 година во Лас Вегас, кога како што вели малку фалело да направи белја.

„Ех, да знаела луѓето во публиката дека мочам во гаќи“, се пошегувал Џон.

Британскиот музичар неодамна го откажал концертот во Индианаполис поради болест. Признал дека морал да го откаже концертот, но дека сигурно ќе го одржи во иднина. Неодамна тој го откажа концертот и во Орландо поради инфекција на увото.

Елтон Џон неодамна ја објави својата биографија, која предизвика големо внимание во јавноста. Освен што открил за своето бурно минато, тој раскажал и некој детали од животот на познатите колеги.

Џон ја обвинил Мадона, која била како што пишува многу нељубезна и се однесувала лошо кон Лејди Гага. Се осврнал и на интервјуто кое Мадона го дала во 2012 година, во кое ја оцрнува песната на Гага Born this way, затоа што многу личела на нејзиниот хит Expres Yourself од 1989 година.

Scroll to Top