Емануел Макрон и Брижит крстареа на јахта низ француска ривиера

Францускиот претседател Емануел Макрон (45) и неговата сопруга Брижит (70) се одморија на островот Поркерол, во близина на популарната француска ривиера. Папараците ги снимија на јахтата, а во еден момент се возеше околу јахтата со џет ски. Бриџит носеше сина кошула и кратко бело здолниште.

Мини здолништа се еден од заштитните знаци на сопругата на францускиот претседател.

„Носам здолништа над колена, а не мини. Признавам дека сакав да носам мини здолништа кога бев помлада, со другарките ги криевме во чантите кога излегувавме. Одевме до крајност, од прекратки до предолги здолништа, додека еден ден баба ми не ме фати и ми рече дека личам на баба Никогаш повеќе не ги облеков“, рече првата дама за магазинот Elle.

За потсетување Макроните се еден од најконтроверзните парови. Се запознале кога Емануел имал само 16 години, а Брижит му била учителка. Во брак се од 2007 година, а Брижит има три деца и седум внуци од претходниот брак.

Scroll to Top