Емили Ратајковски била сексуално вознемирувана

Манекенката и глумица Емили Ратајковски го обвини фотографот Џонатан Ледер дека сексуално ја вознемирувал во 2012 година. Ова, според Емили, се случило во неговата куќа во планинската област Кетскилс, во американската сојузна држава Њујорк. Таа деталите ги откри во есеј што го напиша за магазинот „Њујорк“, а кој беше објавен вчера. Во него манекенката вели дека тоа ѝ е најголемата траума што ја доживеала во животот. Тврди дека тогашниот агент ја испратил во домот на Ледер на неплатено снимање за магазинот „Дариус“ и дека тој ангажман барал да спие во домот на фотографот.

Емили вели дека дури кога дошла, дознала дека ќе снима долна облека. Сакајќи да изгледа позрело, тогаш 20-годишната девојка прифатила да пие црвено вино, кое Ледер ѝ го понудил во текот на вечерта.

„Научена сум дека е важно да се стекне репутација на добра работничка која не приговара ‘Никогаш не знаеш со кого ќе работи по тебе’ ми велеше. Откако работевме во долна облека, Ледер ми рече: ‘Ајде сега да се обидеме без облека’. Истата секунда кога ја соблеков облеката, дел од мене се исклучи“, пишува Ратајковски.

„Почнав да лебдам гледајќи како се враќам во креветот. Го исправив грбот и ги истакнав усните. Се фокусирав на идејата за тоа како би можела да изгледам. Блесокот од камерата беше толку силен, а јас испив толку многу вино поради што црните точки пред моите очи само се размножуваа“.

Подоцна, кога шминкерот, кој работел на снимањето отишол на спиење, Ратајковски вели дека се чувствувала целосно будна, но многу пијана. Таа и Ледер се покриле со ќебе на каучот и фотографот ја испитувал за момците со кои била во врска, но ја гледал додека ги триела стапалата за да се згрее.

„Ми рече дека му се допаѓа тоа што го правам со стапалата. На тоа се сеќавам најјасно. Го мразам тоа што Џонатан коментира нешто што во текот на животот го правев за да се утешам“, напиша Ратајковски.

Манекенката во својот есеј детаљно опишува што се случувало потоа и дека се сеќава на болката што ѝ ја предизвикал фотографот.

Фотографиите од домот на Ледер се објавени во 2016 година во книгата Leder/Ratajkowski Collector’s Edition од издавачката куќа „Империјал паблишинг“, но тврди дека на фотографот и издавачот не им било дозволено да ги користат тие фотографии.

 

Scroll to Top