Емили Ратајковски е бремена

Дваесет и деветгодишната манекенка Емили Ратајковски е бремена и го чека своето прво бебе со сопругот Себастијан Беар-Меклард. Таа за „Вог“ ја потврди веста дека набргу ќе стане мајка.

Со фотографија на насловната страница, на која се смешка и го гали својот стомак, Емили објави и видео во кое за момент позира целосно гола.

„Ќе бидам благодарна за ова видео до крајот на мојот живот. Ѝ благодарам на мојата пријателка Лени Дунхам, која ја смисли целата оваа приказна. Се снимив дома и им благодарам на сите што учествуваа во неа“, напишала Емили.

Таа изјавила дека со сопругот нема да го откријат полот на детето.

„Кога сопругот и јас некому ќе му кажеме за бременоста, по честитките, сите нè прашуваат што сакаме да имаме. Сакаме да им одговориме на сите дека за полот на детето нема да знаеме сè додека тоа не наполни 18 години и дека тогаш тоа ќе нè извести. На овој одговор сите ни се смеат“, изјавила Емили за време на интервјуто.

Емили е уште една во низата познати светски ѕвезди што потврдија дека карантинот е вистински беби-бум. Манекенката важи за една од најголемите ѕвезди на „Инстаграм“, каде што ја следат 27 милиони пријатели.

 

View this post on Instagram

 

bye blondie it’s been fun

A post shared by Emily Ratajkowski (@emrata) on

Scroll to Top