Еминем се чувствува лошо кога ќе ја слушне една од неговите најдобри песни на радио, заради мајка му рече дека никогаш повеќе не сака да ја пее

Еден од најдобрите рапери на сите времиња, Еминем зад себе има голем број хитови, но Cleanin’ Out My Closet од 2002 година го мрази толку многу што повеќе никогаш не го пее. Рече дека секогаш се чувствувал лошо кога ќе го слушнел на радио.

Во песната се пресметува со мајка му Деби Нелсон. За неа вели дека е отуѓена и себична и дека често користела наркотици и ги занемарувала децата. Затоа и не сакал да ѝ дозволи да ја види ќерка му Хејли Метерс.

Песната доби голем број пофалби од критичарите, а албумот на кој беше објавена The Eminem Show беше најпродаваниот во 2002 година во САД и пошироко. Овој албум му донесе неколку награди, како „Греми“ и онаа за најдобар рап албум.

Еминем за мајка му пееше и во Headlights песна од 2014 година. Во неа го опишува гневот кој го има кон мајка му, особено по неколкуте инциденти кои му се имаат случено како дете. Бил избркан од дома за време на бадник, имал бескрани расправии со родителите, а и за тоа како неговиот помлад брат завршил во згрижувачко семејство.

За потсетување, Еминем важи за човек кој отворно зборува за односите со родителите, рече дека имал тешко детство и не му се допаѓало тоа што често морал да се преселува од град во град.

Сега е во подобри односи со мајка му. Деби живее мирен живот и не сака да се покажува во јавност. Двајцата рекоа дека се сакаат и почитуваат и покрај нивното трауматично минато.

Scroll to Top