Ен Хатавеј се присети на незгодна аудиција на која мораше да бакне 10 колешки

Ен Хатавеј вели дека тестирањето на хемијата меѓу актерите во раните 2000-ти била одвратна, пренесува „IndieWire“.

Во интервју за магазинот „V“, актерката се присети на незгодните аудиции за романтични комедии во кои глумеше на почетокот на кариерата.

„Во 2000-тите беше нормално да се бара од актерите да се бакнуваат за време на аудиција, да се тестира хемијата, иако тоа е најлошиот начин да се тестира хемијата – дури и мене ми се има случено“, рече актерката. „Ми рекоа: „Денеска доаѓаат десет момци, а ти ја добиваш улогата. Не си возбудена да ги бакнеш? Мислев дека нешто не е во ред со мене бидејќи не бев возбудена.

Бев толку млада и знаев колку е лесно да изгубиш сè ако некој рече дека е тешко со тебе да се работи, па се преправав дека сум возбудена“, објаснила таа. „Тоа не беше игра за моќ, никој не се обидуваше да ме повреди или да биде ужасен. Тоа беа различни времиња и ние денес подобро знаеме“.

Наскоро ќе можеме да ја видиме Хатавеј во романтичниот филм „The Idea of ​​You“, кој пристигнува на 2 мај. Во филмот актерката играше 40-годишна самохрана мајка која влегува во врска со 24-годишен музичар, кој го игра Николас Галицин.

Филмот беше премиерно прикажан на филмскиот фестивал „South by Southwest“, кој се одржа во март годинава. Критичарите на „Rotten Tomatoes“ го оценија „The Idea of ​​You“ со 95 проценти.

Scroll to Top