Ен Хеч била под дејство на дрога кога ја направила сообраќајната незгода

By

Актерката Ен Хеч била под дејство на кокаин и фентанил при тешка сообраќајна несреќа, по што падна во кома, пишуваат странските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Извори од полициската управа во Лос Анџелес за медиумот изјавиле дека резултатите од тестовите на крвта на актерката биле позитивни на двете супстанци. Сепак, тие предупредуваат дека можеби фентанил ѝ бил даден на Хеч во болница за да и ги ублажи болките, па ќе направат дополнително тестирање.

Ен не била под дејство на алкохол за време на сообраќајната несреќа.

За потсетување, актерката моментално е во кома и се бори за живот откако со синиот Мини Купер удри во куќа во ЛА, предизвикувајќи огромен пожар.

“Набргу по несреќата, Ен Хеч беше онесвестена и во кома. Таа има значителна повреда на белите дробови поради која треба да биде на вентилатор, а изгорениците бараат хируршка интервенција”, рекол нејзиниот менаџер.

Ќе ви се допадне