Ен Хеч ќе биде исклучена од апарати, а органите ќе ѝ бидат донирани

By

И официјално глумицата Ен Хеч ќе биде исклучена од апаратите кои ја одржуваат во живот. Лекарите велат дека нејзиниот мозок е мртов и дека ќе ја остават на вентилатор, додека не утврдат кој од нејзините органи ќе биде даден за донирање, пренесе „Дејли Мејл“.

dobivaj vesti na viber

Откако доживеа сообраќајка во петокот, Ен беше хоспитализирана во Центарот за изгореници Гросман во болницата Вест Хилс северно од Лос Анџелес. Истрагата покажа дека била под дејство на дрога. Од тогаш нејзината состојба беше критична.

„Желба ѝ беше по смртта да ги донира органите. Сакаме да им се заблагодариме на сите за добрите желби и молитви за закрепнување. Им се заблагодаруваме и на медицинскиот персонал кои се грижеше за неа. За жал Ен претрпе тешка аноксична повреда на мозокот и остана во кома. Не очекувавме да преживее“, рекоа членовите на семејството. 

 

 

Ќе ви се допадне