Енрике Иглесијас и Ана Курникова повторно ќе станат родители, пишуваат шпанските медиуми. Списанието „Ола“ објави дека славниот пар го очекува третото дете. Тие ги сликале пејачот и поранешната тенисерка на јахта, а на сликите се гледа трудничкиот стомак на Ана, но се забележува и дека е здебелена. Веста за бременоста на Курникова доаѓа еден месец откако и американските медиуми објавија слики од Ана во широка тренерка, со коментар дека чека бебе.
Енрике и Ана се во врска од 2001 година. Тие долго време криеја дека се заедно, а се венчаа во тајност, без да дознаат медиумите. Во декември 2017 година ги добија близнаците Николас и Луси. Тогаш успеаја целата бременост да ја сочуваат во тајност.