Светските ѕвезди Енрике Иглесијас и Рики Мартин вчера најавија дека ќе имаат заедничка турнеја низ Северна Америка. Турнејата ќе почне на есен, а Енрике и Рики ќе одржат 21 концерт. Со нив ќе настапува и колумбискиот пејач Себастијан Јатра.
Турнејата ќе почне на 5 септември во Феникс, а концрти ќе има и во Хјустон, Лос Анџелес, Торонто, Монтреал, Њујорк, Мајами и уште неколку градови во САД и Канада. Последниот концерт е закажан за 30 октомври во Атланта.
Билетите за концертите се веќе пуштени во продажба.