Ентони Бордејн целото наследство ѝ го оставил на ќерката

Славниот американски готвач Ентони Бордејн, кој неодамна изврши самоубиство, во тестаментот поголемиот дел од својот имот во вредност од 1,2 милион долари ѝ го оставил на 11-годишна ќерка Аријана.

Имотот чини 425.000 долари, 35.000 долари се оставени во акции, 250.000 долари во личен имот и 500.000 долари во нематеријален имот вклучувајќи ги и авторските права, пренесува „Дејли мејл“.

Во обелоденетите судски списи се наведува дека Бордејн имал хипотека во вредност од 1,1 милион долари, но не е познато каде таа се наоѓа.

За многумина вредноста на имотот на Бордејн не е за изненадување затоа што таа претходно е проценета на 16 милиони долари. Извршителот на тестаментот е поранешната сопруга на Бордејн, Отавија Бусија, со која ја има ќерката Аријана и од која се развел пред две години.

 

Scroll to Top