Ешли Греам призна дека се дрогирала

Најпознатиот плус-сајз модел, Ешли Греам, во интервју за магазинот Harper’s Bazaar откри дека се дрогирала и спиела со многу погрешни мажи кога имала 17 години.

„Многумина мислеа дека сум ‘ангел’, а јас бев вистинска бунтовничка. На 17 години се преселив во Њујорк и почнав да работам како модел. Се дрогирав и спиев со погрешни мажи, јадев лоша храна, не вежбав и не се грижев за мојата духовна состојба“, рекла 30-годишната Ешли.

Таа рекла дека ѝ е благодарна на мајка си оти ја вратила на вистинскиот пат и дека ја охрабрила да не се откажува од соништата. Вели, сето тоа предизвикало да се здебели 11 килограми за две години, поради што модните агенти ѝ рекле дека нејзината кариера како модел е завршена.

„Тогаш им се јавив на мама и тато и им реков: ‘Се враќам дома. Веќе нема да се занимавам со ова.’ Мајка ми потоа ми кажа нешто што од денешна перспектива звучи многу пророчки: ‘Можеш ти. Твоето тело еден ден ќе смени нечиј живот’“, раскажала во интервјуто.

Греам е најбараниот плус сајз модел, има сопствена линија костуми за капење, а нејзината приказна и успех се инспирација за бројни девојки и жени да го сакаат своето тело и да им пркосат на стандардите за убавина што со години наназад ги наметнува модната индустрија. Таа често држи мотивациски говори за прифаќање на различностите, а против малтретирањето поради надворешниот изглед и вишокот килограми.

 

Scroll to Top