Ешли Греам: „Сексот го спасува бракот“

By

Најпознатата плус-сајз манекенка Ешли Греам вели дека за долг и успешен брак најважен е сексот. Таа за магазинот „Ел“ раскажа дека бракот со Џастин Ервин функционира само затоа што постојано имаат секс.

„Мојот совет е постојано да водите љубов, дури и кога немате желба за секс. Забележувам дека кога не водиме љубов еден кон друг стануваме арогантни, а кога сме интимни потоа се обожаваме. По сексот веднаш ни се подобрува расположението“, рекла Ешли.

Таа и нејзиниот сопруг пред бракот немале секс.

„Имаше хемија меѓу нас и воопшто не бев загрижена каков ќе ни биде сексот. Поважно ми беше да изградиме доверба и поврзаност еден кон друг, да сфатам дали тој е навистина човекот со кој ќе го поминам животот“, додала таа во интервјуто.

Двојката се запознала во 2009 година во црква, а една година подоцна се венчале.

Ќе ви се допадне