Глумицата Деми Мур откри дека се согласила да има секс во тројка со нејзиниот поранешен партнер и колега Ештон Качер. Двојката беше во брак од 2005 година до 2013 година.
Деми не крие дека сопругот ја изневерувал, но откри и дека тој ја терал на секс во тројка, на што се согласила иако тоа вистински не го сакала.
„Сакав да му покажам колку забавна и одлична можам да бидам, но знам дека тоа беше грешка“, изјавила Деми за медиумите.
Таа откри уште една пикантерија од нивниот интимен живот. Деми вели дека Ештон барал од неа да уринира врз него.
„Беше толку понижувачки и одвратно и сè уште имам трауми од нашиот однос“, изјавила Деми.
Актерката позади себе има два брака, со Брус Вилис, со кого има три ќерки и со Фреди Мур. Ештон сега е во брак со Мила Кунис со која доби ќерка и син.
Деми сега е во врска со стилистката Маша Манџук, која е со потекло од Белград и со која наводно посвоила девојче. Наскоро таа се очекува да глуми во подкастот на „Dirty Diana“.