Популарната холивудска двојка Ештон Кучер и Мила Кунис се пред развод, пишуваат светските медиуми. Како што пренесува таблоидот Woman’s Day, двајцата не може да издржат повеќе да биде заедно затворени дома во карантин, поради коронавирусот.
Карантинот и пандемијата влезе во голем број семејства во светот, а проблемите не ги заобиколија ниту славните лица. Карантинот особено влијаеше во односите кај Качер и Мила, открива извор близок до нив.
„Тешко им беше да се навикнат на новите услови и затвореноста по дома со нивните две деца, синот Димитри и ќерката Вајт. Постојано се расправаа за сè и сешто. Финансиите, миењето садови, начинот на разговор со децата. Имаа недоразбирања и претходно, но во карантинот покажаа дека не се еден за друг“, открива изворот.
„Разводот е најверојатен исход. Не е тоа привремено кавга. Тие навистина мислат дека немаат повеќе што да прават еден покрај друг. Немаат за што да разговараат, постојано се караат. Прашањето е само кога ќе дојде до развод и на кого ќе му припаднат децата“, заклучува изворот.