Ештон Кучер и Мила Кунис собраа околу 15 милиони евра за украинските бегалци

Холивудската двојка Ештон Кучер и Мила Кунис собраа повеќе од 15 милиони евра за украинските бегалци. Двајцата ја отворија страницата GoFundMe барајќи хуманитарна помош за украинските бегалци. Кунис е родена во Украина во 1983 година, а во САД се преселила во 1991 година.

„Отсекогаш сум се сметала за Американка. Горда Американка. Но, денес никогаш не сум била погорда што сум Украинка“, рече Кунис и додаде дека настаните во Украина за сите се погубни и дека на овој свет нема место за неправеден напад на човештвото.

Кучер рече дека средствата ќе ги искористат за давање хуманитарна помош на Украинците кои се погодени од руската инвазија.

„Главниот предизвик е логистиката. Мораме да добиеме станбени простори и да собереме дополнителни залихи и ресурси во погодените подрачја“, рече Кучер и додаде дека никогаш не бил погорд што бил во брак со Украинка.

За потсетување двајцата се венчаа во 2015 година. Тие на почетокот се договориле самите да донираат околу 250.000 евра, а конечната цел им е да соберат 26 милиони евра.

 

 

Scroll to Top