Ештон Кучер има коефициент на интелигенција колку Ајнштајн

Порталот hollywood.com направи листа на актерите со највисок коефициент на интелигенција во Холивуд. Според нив, со коефициент над 130 се Никол Кидман, Мет Дејмон, Лиса Кудроу, Шерон Стоун, Џејмс Франко и Натали Портман. Ештон Кучер, Мет Дејмон и Квентин Тарантино имаат коефициент на интелигенција 160, исто колку и физичарите Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.

Мет Дејмон студирал на „Харвард“ и не го завршил факултетот, но нацртот за филмот „Добриот Вил Хантинг“ го напишал на час по англиски јазик. Квентин Тарантино не завршил ни средно училиште. Шерон Стоун има коефициент на интелегенција 154, а комичарот Стив Мартин има 142. Тој студирал филозофија и сакал да стане професор. Натали Портман има коефициент на интелигенција 140. Таа студирала психологија на „Харвард“ и има објавено два труда во научни списанија. Портман зборува пет странски јазици.